Јована Матевска-Атанасова е автор на расказот „Пура во Осака“ што беше избран за најдобар на Конкурсот што секоја година го распишува Општина Охрид во чест на ликот и делото на писателот Живко Чинго.
Тричленото стручно жири го избра „Пура во Осака“ за најдобар расказ во конкуренција од 47 пристигнати трудови, посочувајќи дека се работи за расказ осмислен како продолжен суптилен дијалог во кој се актуализираат современите предизвици на македонскиот јазик.
Авторката Матевска-Атанасова е романсиерка и рецензентка, родена во 1991 година во Битола. Попрофесија е дипломиранпсихолог. И минатата година таа ја доби наградата „ЖивкоЧинго“ за нејзиниот расказ „Гладоморје“.
Во публикација е нејзината прва збирка со раскази поддржана од Министерствотозакултура.
Наградата на лауреатката ќе ѝ бидеврачена на 13 август на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ која во негова чест традиционално секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.