Конкурси на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово”

од admin_kult

Во рамките на Програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, во соработка со Министерството за образование и наука и Министерството за култура, распиша два конкурса,  и тоа:

Првиот конкурс, на тема „Како ме поттикнува Конески“, е за издавање на шестата книга од едицијата „Македонски збор“ со необјавени научни и стручни текстови посветени на ликот и делото на Блаже Конески. Текстовите треба да се напишани на македонски литературен јазик (кирилица), со обем до 16 страници со новинарски проред.

Трудовите треба да се испраќаат на е-адресата: ognen.stamatoski@gmail.com најдоцна до 30 април 2021 година.

Вториот конкурс, на тема „Поетски пораки на Конески“, е за издавање на десеттата книга од серијата „Поттикот на Конески“ со необјавени поетски творби посветени на ликот и делото на Блаже Конески. Текстовите треба да се напишани на македонски литературен јазик (кирилица). Приоритет имаат ученици и студенти.

Трудовите треба да се испраќаат на е-адресата: poetskiporakizakoneski@gmail.com најдоцна до 30 април 2021 година.

Книгите ќе бидат објавени и промовирани во рамките на манифестацијата „2021 – ГОДИНА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе