„Магијата на Шопен“ е концертот на пијанистот Кристијан Каровски, што ќе се одржи вечер (2 декември) во големата сала на Филхармонијата. На концертот ќе бидат изведени дела од големиот романтичар и пијанист Фредерик Шопен.
Кристијан Каровски своето музичко образование го започнува во класата на проф. Људмила Романова, а го заокружува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов, каде што дипломира и магистрира. Добитник е на повеќе награди и признанија на повеќе државни и меѓународни натпревари.