Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ по повод 25 години постоење

од admin_kult

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, под диригентство на Летка Димовска- Полизова, по повод 25-годишниот јубилеј од своето постоење, вечер во рамките на Есенските  музички свечености ќе одржи концерт со наслов „Света Злата слави“. Концертот првично беше закажан за 30 ноември, но поради вонредни околности е поместен за вечер, а ќе се одржи во терминот од 20:30 часот во Фоајето на Националната опера и балет.

На концертот како гости ќе настапат: гитаристот Влатко Стефановски; Сања Шуплевска – виолина; Орце Ицковски – фагот; камерен ансамбл „Полифонија“; Давор Јордановски – аранжман и клавијатури; Калина Велковска-Кали – вокал и Иван Еминовиќ – пијано.

На програмата се дела од Прокопиев, Шуплевски, Скаловски, Зографски, Стојков, Лековски, Запров, Д. Имери, Д. Јордановски, Бортњански, А.L. Weber, B. Graham, B.E. King, Larry Bryant.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе