Концерт на флејтистката Митева и пијанистката Трбојевиќ во Прилеп

од admin_kult

Во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (7 јули 2021 г.), од 20 часот, концерт ќе одржат флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ.

Во рамките на концертот ќе бидат изведени дела од македонски композитори од неколку генерации, како: Прокопиев, Зографски, Стојков, Бранѓолица, Џамбазов, Гавриловски и Велковска-Трајановска.

Концертот е дел од програмата на Центарот за култура за 2021 година и е  поддржан од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе