Во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (7 јули 2021 г.), од 20 часот, концерт ќе одржат флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ.
Во рамките на концертот ќе бидат изведени дела од македонски композитори од неколку генерации, како: Прокопиев, Зографски, Стојков, Бранѓолица, Џамбазов, Гавриловски и Велковска-Трајановска.
Концертот е дел од програмата на Центарот за култура за 2021 година и е поддржан од Министерството за култура.