Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (21.5.2021 г.), во 18:00 часот, концерт ќе одржат Емили Христоска и Даниел Петрески – студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Во рамките на концерот ќе бидат изведени композиции од познатите комозитори: Глук, Чајковски, Рахманинов, Чилеа и други.
Концертот ќе се одржи според сите протоколи за заштита од корона-вирусот и ќе трае околу 40 минути.