Со изложба на Решат Амети и цртање на отворено, продолжува манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“

од admin_kult

Со изложба на дела од академскиот сликар Решат Амети, која ќе биде отворена вечер (21 мај), и со цртање на отворено, продолжува манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.

Покрај овие културни настани, до крајот на месецов е планирано концерт да одржи Музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица по повод седумдесетгодишнината од постоењето. На 24 мај ќе се одржат 14. Роднокрајни поетски средби во чест на словенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

Љубителите на пишаниот збор и на ликовната уметност на 27 овој месец ќе можат да присуствуваат на промоцијата на книгата „Зборовите на тишината“ од Александра Атанасова и да ја видат нејзината изложба на ликовни творби. Следниот ден ќе биде промовиран музејскиот водич за деца ,,Патување низ минатото”.

Настаните за овој месец завршуваат на 31 мај со изложбата „Цвеќе – 2021“ и со доделување награди за распишаниот ликовен конкурс по повод Републичките детски средби за оваа година.

Во програмата на „Струмица град на културата 2021“ се планирани над 150 настани, кои ќе се реализираат во соработка со Домот за деца и млади „Благој Јанков-Мучето”, Градската библиотека „Благој Јанков-Мучето”, НУ Завод и музеј – Струмица, НУ ЦК „Антон Панов“ и здруженија на граѓани.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе