На 17 октомври во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи јубилејното, 50. издание на Фестивалот на детската песна „Златно славејче“ 2021.
Од Фестивалот информираат дека за присуството на настанот важат одредбите на Владата за посета на јавни настани во затворени простории.
„Ние сме повеќе од подготвени и расположени за да ги отпееме најновите 15 хитови“, додаваат од Фестивалот „Златно славејче“.