Изложба „Сценска тишина“ во продукција на МНТ

од admin_kult

Поради состојбата со корона-вирусот, изложбата „Сценска тишина“е достапна само онлајн преку фотографии и видео објавено на јутјуб – каналот на Македонскиот народен  театар.

Изложбата, која е во продукција на МНТ, претставува желба и мотив театарот да се врати на сцената каде што ѝ припаѓа, односно обид да се реконструираат претставите кои се на тековниот репертоар на МНТ преку костими, сценографија и/или реквизити.

Од МНТ информираат дека во годината во која Театарот ја слави својата 75-годишнина, низ фотографиите и видеото на Драган Гајиќ се раскажува за моќта на актерот, концептот на режисерот, приказната на авторите и креативноста на авторите на сценографијата и на костимографијата.

Низ изложбата, работена по идеја и во реализација на Ивана Јарчевска и Мила Анѓелковиќ, прикажани се костими во кои играат актерите на МНТ, сценографиите на: Никола Тороманов, Илина Ангеловска, Свен Јонке, Костантин Трпеноски, Вишња Вујовиќ, Лоренцо Банчи, Владимир Жерновски и Валентин Светозарев; и костимографиите на: Марија Пупучевска, Илина Ангеловска, Снежана Пешиќ-Раиќ, Свила Величкова, Роза Трајческа-Ристовска, Ивана Каранфиловска-Угуровска, Александар Ношпал, Мануела Паладин, Лидија Георгиева, Кокев и Кадриу, Елена Пандева, Антонија Гугинска-Јорданоска и Елена Вангеловска.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе