Изложба на скулптури изработени во „Интернационалното студио за пластика во дрво“

од admin_kult

Во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска (8 ноември) во 19:00 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“, што е во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.

На изложбата ќе бидат изложени и фотографии на дел од изработените скулптури. Изложбата е дел од годишната програма за работа на Центарот за култура „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура.

„ЦСЛУ – Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се крие во она што ќе го оставиме зад нас. Богатството што го добива Прилеп секоја година преку ликовните изразувања е наследство што го оставаме на нашите идни генерации“, велат од Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе