Од 9 до 13 ноември ќе се одржи фестивалот „Оффест“

од admin_kult

Дваесеттото издание на „Оффест“ ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Скопје. Организаторите соопштуваат дека планираната програма е свежа, разновидна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот.

На фестивалот е предвиден настап на дуетот „LINA_RAÜL REFREE“ од Португалија/Шпанија, а ќе се одржи и проекција на документарниот филм „Уметноста на Амалија”, посветен на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез. Ќе се одржат и концерти на триото „ŠIROM“ од Словенија и на „BLICK BASSY“ од Камерун/Франција, еден од најинвентивните и најоригинални африкански автори, а ќе биде претставен и новиот проект на Бранислав Николов – водачот на групата „Фолтин“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе