Изложба на Дита Старова-Ќерими во КИЦ

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар од 9 до 22 декември ќе биде отворена изложба на слики од ликовната уметница Дита Старова-Ќерими. Авторката ќе се претстави со 15 дела, работени во техниката акрилик на платно, создадени во последниве години.

Старова-Ќерими е актуелна директорка на Националната галерија на Македонија, афирмирана академска сликарка и педагог, доцентка на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје. Своето прво сликарско образование таа го добила во Париз, во лицејот „Жансон де Сали“, а по четирите години школување, во истиот град ја имала и својата прва изложба.

Досега има реализирано 14 самостојни и над 50 групни изложби во Македонија, САД, Франција, Турција, Бугарија, Косово и во други земји.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе