Отворена стрип-изложба во рамките на проектот „Интеретничко стрип- училиште“ во Велес

од admin_kult

Во Ликовниот салон во Велес е отворена стрип-изложба која е дел од проектот „Стрип-училиште, стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020“, на Стрип центарот на Македонија – Велес.

На изложбата учествуваат 14 автори ученици од Велес, Битола, Куманово и од Скопје, кои се претставуваат на 28 панели со стрипови.

Целта на  проектот е развој на  интеркултурноста, како и деметрополизација на културата во Република Северна Македонија преку едукативни стрип-активности наменети за млади од разни етнички и други средини.

Стрип-делата претставени на изложбата ќе бидат објавени и во пригоден каталог, а по Велес, вакви изложби ќе се одржат и во Битола и во Скопје. Школата за стрип за ученици е организирана со финансиска поддршка од Министерството за култура,

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе