Изложба на Атанас Атанасоски во Центарот за култура во Прилеп

од admin_kult

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е поставена изложбата инсталација „Пејзажни фасцинации“ од прилепскиот уметник Атанас Атанасоски.

Од Центарот за култура истакнуваат дека прилепчани имаат можност да проследат интересна изложба, која е дел од програмата за работа на институцијата за 2021 година, поддржана од Министерството за култура.

„Атанас Атанасоски, кој од рециклирани материјали реализира изложби инсталации, деновиве се претставува со ново дело во ликовната галерија. Овојпат тоа е инсталацијата „Пејзажни инсталации“, а идејата за реализација на проектот е продолжение на претходните, чија цел е да ја бараат естетиката на хармонизирање на соживотот меѓу природата и човекот“, посочуваат од оваа национална установа.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе