Изложба на Александра Кокотовиќ во Центарот за култура во Прилеп

од admin_kult

„Уметноста како катализатор за социјална промена“ е насловот на тематската изложба од Александра Кокотовиќ, визуелна уметница од Србија, што ќе биде поставена од денеска (26.2.) во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Кокотовиќ, освен како визуелна уметница, се изразува и преку сликарството, вајарството, цртежот и графиката. Пред љубителите на уметноста во Прилеп, се претставува со дела работени во различна техника.

Кокотовиќ е член на Друштвото на ликовните уметници на Србија и на Друштвото на уметниците на БиХ. Досега има реализирано 24 самостојни изложби во реномирани институции, галерии, музеи и има учествувано на 40 групни изложби во Србија, БиХ, Полска, САД, Литванија, Албанија, Бугарија, Обединетите Арапски Емирати и др.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе