Уште еден концерт од серијата „Филхармонија за Филхармонија“

од admin_kult

По првиот камерен концерт кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од Оркестарот на Филхармонијата, овој четврток во 20 часот ќе се одржи уште еден концерт од серијата „Филхармонија за Филхармонија“.

На програмата се дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и Барток. Во рамките на програмата ќе настапат квартетот „Вива Стрингс“ (Елена Талевска – виолина, Димитар Михајловски – виолина, Дубравка Зајкова – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело); триото во кое свират Илза Бафтијари (виола), Илинка Велкова (флејта), Маја Михајловска (виолончело); пијано-триото Маријана Николовска (пијано), Даниел Лазаровски (виолина), Драган Гоневски (виолончело); групата виолончела на Филхармонијата; триото тромбони (Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ) и триото во кое свират Елена Талевска (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Мерсиха Шукри (харфа).

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе