Изложба „IN BETWEEN“ од Владимир Здрaвески

од admin_kult

Во Музејот на град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „IN BETWEEN“ од Владимир Здрaвески, еден од добитниците на наградата „Борко Лазески“ за 2020 година.

Во договор со семејството на Борко Лазески, кое на Музејот на град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958 година, Музејот прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел.

Овојпат тоа се Владимир Здравески и Марија Трајаноска. Прво ќе биде претставена изложбата на Здравески, а веднаш по неа и на Трајаноска. Изложбата ќе се одржи во согласност со протоколите за заштита од КОВИД-19.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе