Изложба „Црно и бело“ на Ана Трајковска во Куманово

од admin_kult

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово на 29 април (четврток), со почеток во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Црно и бело“ на академската графичарка Ана Трајковска. Изложбата е нејзин магистерски труд и е составена од принтови на најлон, изведени во големи формати.

Aна Трајковска е родена во 1995 година во Скопје. Таа е дипломиран графичар во класата на проф. м-р Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Моментално е на магистерски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Изложбата ќе биде поставена до 12.5.2021 година, а посетата ќе биде организирана во согласност со препорачаните здравствени протоколи.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе