Изложба на Армонд Сулемани во Центарот за култура – Дебар

од admin_kult

Во Центарот за култура – Дебар е отворена самостојна изложба на младиот дебарски уметник Армонд Сулемани. На изложбата, која за јавноста ќе биде достапна до 30 април, се претставени 20 дела изработени во техниката масло на платно со различна тематика. Изложбата ја отвори Зинче Мимидиноски, директор на Центарот за култура – Дебар, кој изрази задоволството што Центарот за култура – Дебар води посебна грижа за откривање и афирмирање на младите талентирани уметници, овозможувајќи им да ја одржат својата прва самостојна изложба на слики.

Реализирањето на оваа изложба е во рамките на проектите содржани во Годишната програма за работа на Центарот за култура – Дебар, финансирани од Министерство за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе