„Граници“ на Старова Ќерими и Мехмети во Галерија „Gentinetta“ во Цирих

од admin_kult

Во Галеријата „Gentinetta“ во Цирих, Швајцарија поставена е изложбата на уметничките Дита Старова Ќерими и Шќипе Мехмети.

Емил Алексиев, ликовен критичар вели дека уметноста е можна поради тоа што уметникот се осмелува да ги пречекори границите. Тој заминува на неизвесно патување во непознатото, зад границата на она што е видливо и познато. Храброста на уметникот да ги пречекори границите создава можност да се создаде уметничко дело.

Тој посочува дека овој проект е токму таков чин на храброст каде ликовните уметници Шќипе Мехмети и Дита Старова се обидуваат да ги пречекорат границите на познатото во своите дела и да се упатат кон некои нови и непознати предели на уметноста.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе