Писателот кој пишува за млади читатели, Горјан Петревски, денеска (27 октомври) ќе претстави две свои книги во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Бугарија.
Како што информираат од КИЦ – Софија, на настанот ќе бидат претставени бугарските изданија на неговите најуспешни романи: „Марта“ (издание на „Изида“, превод Маријан Петров) и „Сама“ (издание на „Книги за сите“).
Оттаму додаваат дека овие две книги се дел од учебната програма на средношколците во Република Северна Македонија, а се издавани многукратно, при што само „Марта“ има 21 издание досега, кои ја прават една од најпродаваните книги во земјава.
Местата за настанот се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние што се запишале претходно. Предност ќе имаат оние што поседуваат сертификати за вакцинација или за прележан КОВИД-19.