Промоција на книгата „Антонио Митриќески: Хроника на еден филмски сон“

од admin_kult

Кинотеката на Северна Македонија ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (27 Октомври) со промоција на книгата „Антонио Митриќески: Хроника на еден филмски сон“.

Книгата, која е во издание на Кинотеката, а автор е Стојан Синадинов, претставува збир од монографија, биографија, мемоарска проза и критички осврти.

Од Кинотеката информираат дека водени од мотото на оваа глобална манифестација  „Вашиот прозорец кон светот“, оваа национална установа ќе ги отвори своите работни простории и депоа за студентите, ученициите, колегите од сродните институции и од Секторот за заштита на културно наследство, како и за љубопитните граѓани.

Како што посочуваат, одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија и го презедоа меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуелното наследство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе