По успешното претставување на изложбата „Таму“ на Милчо Манчевски во Софија, денеска таа ќе биде поставена и во Бургас, Република Бугарија, во Центарот за современа уметност и библиотека.
Колор-делата на тема улична фотографија од реномираниот режисер Милчо Манчевски ќе бидат достапни за публиката до 31 октомври.
Реализацијата на оваа изложба е резултат на успешната соработка меѓу Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и Општина Бургас.