Флејтистот Зак Тарпагос и пијанистката Валерија Харитиду од Грција на „Охридско лето“

од admin_kult

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва предвидува концерт на уметниците Зак Тарпагос на флејта во пијано придружба на Валерија Харитиду.

Зак Тарпагос е постојан флејтист на Грчката национална опера во Атина, а неговите солистички настапи го водат во најпрестижните концертни сали во светот како салата „Чајковски“ во Москва, Симфони хол во Бостон, салата „Квин Елизабет Хол“ во Лондон, салите во Атина, Солун, Токио, салата на фондацијата Оназис и многу други. Зак е голем поборник за стабилно музичко образование на деца кои живеат во екстремни услови на сиромаштија, социјална дикриминација или било каква неповолна средина во Грција и надвор од неа, надевајќи се на подобрување на нивните животи преку музика, образование и дружење.

Родена во Грузија, Валерија Харитиду учи пијано со Инеса Човребашвили и ги завршува студиите во Експерименталната школа за музика во Тбилиси.  Продолжува да студира на Националниот конзерваториум во Солун, во класата на Викторија Вкторату каде со највисоки оценки дипломира во 2007 година. Настапува со сите значајни оркестри во Солун, со Медитеранскиот симфониски оркестар, со Симфонискиот оркестар на Елче, а активна е и со изведба на рецитали и како  камерен уметник со настапи во Грузија, Грција и Кипар. Неодамна, Валерија Харитиду е избрана за професор по пијано на Општинскиот Конзерваториум во Солун, и за корепетитор на Држвниот конзерваториум во истиот град.

Концертот на уметниците од Грција е предвиден за катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе