Филип Иванов ја доби наградата за најдобро дело од областа на класичната музика на конкурсот по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

од admin_kult

Во рамките на конкурсот во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески што го организира Агенцијата за млади и спорт со цел да ги награди младите поети, музички и ликовни уметници, композиторот Филип Иванов го освои признанието за најдобро музичко дело во областа на класичната музика, за соло песна за глас и пијано напишана на текст од Блаже Конески.

„Наградениот труд на уметникот секогаш претставува големо задоволство и стимул за понатамошно творење. Искрено се надевам дека во иднина ќе продолжат да се распишуваат конкурси од институциите со кои би сe стимулирале уметниците кои долго време се на маргините во оваа држава“, наведува Иванов по повод добивањето на наградата.

Филип Иванов (1992) припаѓа на најмладата генерација македонски композитори. За време на студиите, и особено по дипломирањето на ФМУ во Скопје (класа проф. Сони Петровски), активно е присутен на македонската музичка сцена, а повеќе негови композиции досега биле изведени и на музичките подиуми во странство. Повеќе негови дела се наградени на конкурсите распишани од страна на Министерството за култура. Од 2017 година, Иванов е редовен член на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе