Концерт „Звукот на идната генерација“ во Филхармонијата

од admin_kult

Концертот „Звукот на идната генерација“ со студентите од државните факултети за музичка уметност ќе се одржи в четврток, во 20 часот, во Филхармонијата. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел.

Како солисти ќе настапат студентите од трета и од четврта година на Факултетот за музичка уметност во Скопје: Ана Спасовска – диригент, Кристијан Кожумановски – контрабас, Пандорка Јанакиева – флејта, Дарко Гроздановски – виолина, Анастасија Гичевска – пијано, Зорица Здравковиќ – вибрафон и Памела Велкова – виолина.

Борјан Цанев oд 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Цанев специјализирал диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон. Од 2002 година до денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин диригент.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе