Државниот секретар Азири на конференција за 40-годишнината на Националниот историски музеј во Тирана

од admin_kult

Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, како гостин на Историскиот музеј во Тирана, се обрати на научната конференција посветена на современите прашања и предизвици со кои се соочуваат музеите.

Во своето обраќање пред присутните – меѓу кои и директорот на Националниот историски музеј, Доријан Кочи; министрите за култура на Албанија и на Косово, Елва Маргарити и Хајрула Чеку; претседателот на Академијата и науките на Република Албанија, Скендер Ѓинуши; и други гости раководители на научни институти и музеи, музеолози, истражувачи – државниот секретар Азири ја истакна важноста од зачувување и афирмирање на националните историски вредности каде и да живеат Албанците.

Тој го истакна значењето на Националниот историски музеј во срцето на албанскиот главен град и подвлече дека оваа институција е еден од најдоминантните фактори за зачувување и пренесување на албанските национални вредности од колено на колено и како таков заслужува силно и трајно внимание.

Азири зборуваше за позицијата на Албанците во регионот и во Северна Македонија и додаде: „Во последните години формиравме многу кредибилни институции, кои неуморно и со извонреден моментум работат на истакнување на нашите вредности. Основани се Националната установа Музеј на азбуката на албанскиот јазик во Битола, Националната установа Центар за конзервација во Гостивар, Јавната научна установа Институт за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, Националниот ансамбл за албански песни и ора. Во меѓувреме, Музејот на слободата во Скопје; Меморијалниот центар ’Албанска мајка‘ во Зајас, Кичево; Меморијалниот центар ’Блаца 99‘; Егзодусот итн. се формирани од соодветните општини и се во процес на институционализација“.

Азири зборуваше и за поновите историски процеси и за улогата на Албанците во нив, и рече дека има уште многу работа и потреба да се зачува ова историско богатство, и да се извлечат нови историски и археолошки вистини од подземјето, кои ќе зборуваат за иднината во светлината на научните артефакти.

Државниот секретар Азири ја истакна важноста од зачувување и афирмирање на историските национални вредности, каде и да живеат Албанците.

„Затоа, оваа Меѓународна научна конференција за музеологија ја гледам со наслов ’Музеите ја обновуваат иднината‘, токму во светлината на развојот на музеологијата во нови димензии кон иднината“, истакна Азири.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе