Фестивал на забавна музика  „Ди фест“ 2021 во Дебар

од admin_kult

Во Концертната сала при Центарот за култура – Дебар денеска,  29 октомври 2021 година, со почеток во 14 часот ќе се одржи Фестивалот на забавна музика на албански јазик  „Ди фест“.

На Фестивалот, кој има натпреварувачки карактер, ќе настапат 13 изведувачи од Републикава, од Косово и од Албанија. На сцената при Центарот за култура – Дебар ќе се претстават уште двајца специјални гости.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година.

Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи, со ограничен број посетители.

 

 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе