Детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка“

од admin_kult

На плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка, утре, сабота (7.08.2021 година) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Паланечка тројка“.

Манифестацијата на која учествуваат детски фолклорни групи  започнува со свечено дефиле на учесниците низ градот.

Целта на фестивалот е да ја поттикне и развива љубовта кон фолклорот кај најмладите, како и да ги сочува и негува богатите традиции на локалниот фолклор и мелос и истите да ги презентира во земјата и странство.

Инаку именувањето на фестивалот е по автентично оро  „Паланечка тројка”,  кое е регистрирано во ернокореолошките видео записи на американскиот фолклорист Роберт Хенри Либман во 1972 година, на Балканскиот фолклорен фестивал во Охрид.

Фестивалот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе