Светски познатиот македонски пијанист, Симон Трпчевски по подолго време е повторно пред македонската публика, заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници: Влатко Нушев, Илинка Велкова, Александар Стојчески, Владимир Крстев, Паскал Краповски, Гонца Богоромова, Иван Наумовски, Милена Арсовска и Шкељзен Бафтијари.
Концертот ќе се одржи утре, вторник, 24-ти ноември, во големата сала на Филхармонија. На програмата на ова вистинско доживување се дела од Гоце Коларовски, Борјан Цанев, Димитрије Бужаровски, Панде Шахов, Александра Наумоски- Потиск, Томислав Зографски, Томе Манчев, Стојан Стојков, Фатос Лумани, Дарија Андовска и Александар Лековски.