Чествувањето на Блаже Конески во Париз објавено на веб – страницата на УНЕСКО

од admin_kult

Написот за чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, јубилеј кој се наоѓа во Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, е објавен на официјалната веб-страница на оваа престижна Организација за образование, наука и култура при Обединетите нации.

Написот, објавен на англиски и на француски јазик, може да се проследи на следниве врски: https://bit.ly/2PpNSfg,  https://bit.ly/3lPDf1i.

На свеченоста, која се одржа по повод Светскиот ден на поезијата, беа соопштени и   добитниците на наградите на реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – „Златен венец“ и „Мостови на Струга“,  награда за дебитантска поетска книга.

Исто така, на веб-страницата на УНЕСКО, освен логото за јубилејното чествување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, е објавен и јубилејот 50 години од смртта на Параскева Кирјази. Објавите може да се проследат на следниве врски: https://en.unesco.org/commemorations, https://fr.unesco.org/commemorations.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе