Министерката за култура Стефоска се сретна со словачкиот амбасадор Маркуш

од admin_kult

Досегашната соработка во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Република Словачка  беше главна тема на разговорот на денешната средба меѓу министерката за култура Ирена Стефоска и словачкиот амбасадор во нашата земја,  Хенрик Маркуш.

На средбата, министерката Стефоска и амбасадорот Маркуш се согласија  дека меѓу двете земји постои солидно ниво на соработка  во областа на културата, а се разговараше и за конкретни активности за интензивирање на соработката во одредени области.

Министерката Стефоска ја истакна добрата соработка во областа на литературната дејност и редовното учество на словачки поети на  поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Како особено значајна беше истакната и успешната соработка во рамките на членството во меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, додека од заедничките активности, беше издвоено и одбележувањето на 24 Мај – Денот на словенските просветители Кирил и Методиј.

Соговорниците изразија очекување пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу двете земји да продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика во периодот што следува.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе