Биг – бендот на ЗЏМ ќе го свири авангардниот Запа во Филхармонија

од admin_kult

Биг-бендот на Здружението на џез-музичари денеска (1 декември) од 20 часот во Филхармонијата ќе свири музика од легендарниот и авангарден музичар Френк Запа.

Диригент на концертот е Австриецот Зиги Вајгл, кој ги водеше концертите на ЗЏМ на кои претходно се свиреше музика од „Битлси“, Дон Менза и „Рејдиохед“.

Френк Запа, една од најкарактеристичните музички фигури што го одбележаа 20 век,  е американски музичар, композитор, текстописец и водач на бенд чија работа се карактеризира со импровизација во слободна форма, звучни експерименти, музичка виртуозност и сатира на американската култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе