Во согласност со Одлуката за продолжување на рокот за поднесување пријави за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година бр. 02-9617/1 од 30.10.2024 година, во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година, објавени на 30.9.2024 година во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, рокот за поднесување на пријавите се продолжува до 5.11.2024 г. (вторник), до 16:00 часот.
Другиот дел од текстот на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година, објавени на 30.9.2024 година во весниците „Слободен печат“ и „Коха“ и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам, останува непроменет.