Заменик-министерот за култура Даим Лучи викендов во Маврово и Ростуше присуствуваше на дискусијата посветена на социјалниот и економскиот развој на околината на Радика.
На настанот, кој беше во рамките на пилот-проектот за заштита на пејзажните вредности и обновување на селата, се разговараше за иницијативи со конкретни проекти за развој на туризмот и заштита на културното наследство на овој крај.
Оваа значајна дискусија беше организирана од италијанско-македонската организација „Тера Миа“ од Пиеве ди Солиго (Тревизо), Република Италија.