Заменик-министерот Лучи присуствуваше на дискусија за туризмот и културното наследство во околината на Радика

од admin_kult

Заменик-министерот за култура Даим Лучи викендов во Маврово и Ростуше присуствуваше на дискусијата посветена на социјалниот и економскиот развој на околината на Радика.

На настанот, кој беше во рамките на пилот-проектот за заштита на пејзажните вредности и обновување на селата, се разговараше за иницијативи со конкретни проекти за развој на туризмот и заштита на културното наследство на овој крај.

Оваа значајна дискусија беше организирана од италијанско-македонската организација „Тера Миа“ од Пиеве ди Солиго (Тревизо), Република Италија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе