Со изведба на балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ на македонската Национална опера и балет, денеска во Битола почнува 31. издание на фестивалот на класична музика „Интерфест Битола 2022“.
Кореограф на двете балетски претстави е гостинот од Унгарија Габор Кевехази, сценографијата е на Марија Ветерова, а костимографијата на Марија Пупучевска.
Во периодот до 12 октомври годинава на сцените во НУ Центар за култура, НУ Завод и Музеј, НУ Народен театар и Офицерски дом, освен македонски, ќе настапат и уметници од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.
Во рамки на ќе биде приредена и поетска вечер со актерот Петар Мирчевски, посветена на македонскиот поет, романописец и есеист Славко Јаневски.