Со одлука на Владата на Република Северна Македонија, а на предлог на Управата за заштита на културното наследство, „Куршумли ан“ е прогласен за културно наследство од особено значење.
Со оваа одлука се овозможува трајно зачувување на Куршумли ан во изворна состојба. Исто така одлуката ќе придонесе за ширење на неговите вредности и значење, како и спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши, или може да настане оштетување или деградирање на овој значаен културно-историски споменик од архитектонското наследство.
Куршумли Ан кој е изграден во средината на ХVI век и кој претставува споменик на културата се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје во дворот на Музејот на Северна Македонија.