Биг-бендот на Здружението на џез-музичари денеска (1 декември) од 20 часот во Филхармонијата ќе свири музика од легендарниот и авангарден музичар Френк Запа.
Диригент на концертот е Австриецот Зиги Вајгл, кој ги водеше концертите на ЗЏМ на кои претходно се свиреше музика од „Битлси“, Дон Менза и „Рејдиохед“.
Френк Запа, една од најкарактеристичните музички фигури што го одбележаа 20 век, е американски музичар, композитор, текстописец и водач на бенд чија работа се карактеризира со импровизација во слободна форма, звучни експерименти, музичка виртуозност и сатира на американската култура.