Во „Зест галери“ во Стокхолм, Шведска, ќе биде отворена изложбата „До хоризонталната линија“ на Михаела Јовановска и Александар Зафировски.
Уметниците првпат заедно ќе се претстават пред шведската публика.
Изложбата е на покана од галеријата и е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.