Со колективна изложба на учесниците, заврши „Меѓународната уметничка колонија 2023“ во организација на Уметничката галерија – Тетово

од admin_kult

Со колективна изложба на 21 уметник, синоќа во Тетово заврши 14. издание на „Меѓународната уметничка колонија 2023“ во организација на Националната установа Уметничка галерија – Тетово. Тие ги создадоа своите дела во текот на престојот на Попова Шапка од 1 до 3 јули.

Ликовната колонија почна на 30 јуни со самостојна изложба на сликарката Теута Хоџа Имери, по што уметниците три дена твореа на Попова Шапка.  Тие имаа обврска да насликаат две дела со различни мотиви и сликарски техники. 

Сите создадени дела беа изложени во просториите на Уметничката галерија – Тетово како завршен дел од активностите по повод Меѓународната манифестација. Учесниците добија пригодни благодарници.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе