Во КИЦ во Загреб успешен настап на Скопскиот дувачки квинтет

од admin_kult

Во просториите на Културно-информативниот центар во Загреб во четвртокот (29 јуни) се одржа музичка вечер на која настапи реномираниот Скопски дувачки квинтет. Членови на овој состав се: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот и Александар Гошев, труба.

Скопскиот дувачки квинтет постои над четириесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведувал дела од светската ризница, како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл.

Гостувал на реномирани домашни манифестации, но и во странство. Во 2019 година, овој состав ја доби наградата „Златна лира“, што претставува највисоко признание на Сојузот на музички уметници на Македонија за животно дело и врвни уметнички постигнувања.

„Овие реномирани музичари ја воодушевија многубројната публика. Присуствуваа нивни музички колеги од Љубљанската филхармонија, од Загрепската музичка акдемија и други љубители на музичката уметност. На концертот присуствуваше и амбасадорот Милаим Фетаи“, информираат од КИЦ во Загреб.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе