Во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, на 17 септември по 33-ти пат ќе се одржи манифестацијата „Охридски староградски средби”.
На реномираниот музички собир годинава ќе настапат: Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, КУД „Рацин“ од Кичево, групата „Акустико“ од Кавадарци, КУД „Илинден“ од Битола, Градскиот хор „Штип 2019“, КУД „Пере Тошев“ од Прилеп, Групата „Распеани радовишани“ и Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид.
Настапот на учесниците е предвиден за 19 часот на платото пред Центарот за култура со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.