Во галеријата „Апстракт проект” во Париз, Франција, утре (7 јули) ќе биде претставена изложба на ликовната уметница Петра Јовановска. На изложбата, покрај делата на Петра Јовановска, ќе биде презентиран и дел од творештвото на Слаѓана Матиќ-Трстењак. Нивните дела беа селектирани од Уметничкиот совет на галеријата во Париз.
Петра Јовановска е родена во 1972 година во Чешка. Завршила на Факултетот за ликовни уметности. Досега реализирала 50 самостојни изложби (Франција, Германија, Хрватска, Полска, Чешка …), а учествувала на над 300 групни изложби, ликовни колонии, симпозиуми и слично. Претставувањето во Париз се реализира со поддршка од Министерството за култура.