Во село Драчево денеска ќе биде отворен реконструираниот Дом на култура – Кино, со што жителите ќе добијат современ простор за културно дружење и забава на местото на руинираниот објект изграден во 1946 година,.
Домот на културата е инвестиција на Општина Кисела Вода и Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.
На отворањето ќе присуствуваат министерот за култура Ирена Стефоска, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, како и директорот на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.