Четиринаесетта македонска книжевна визита во Софија

од admin_kult

Денеска, утре и задутре (11, 12 и 13 мај) во Софија, Бугарија, ќе се одржи Четиринаесеттата македонска книжевна визита.

За првите два дена, издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, има подготвено богата културна програма со многубројни писателски имиња.

„Македонските писатели, предводени од претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, ќе се сретнат со своите бугарски колеги, предводени од претседателот на Сојузот на бугарските писатели, ќе остварат контакти, ќе разменат искуства и ќе ја споделат својата уметност пред публиката во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија“, информираат од КИЦ – Софија.

Во рамките на програмската концепција на Четиринаесеттата македонска книжевна визита во Софија ќе се одржат: книжевен портрет на Владимир Мартиновски, доделување на традиционалната награда „Македонски книжевен Дедал“ на истакнат бугарски писател и преведувач кој придонесол за афирмацијата на македонската литература во Бугарија, омаж за Љубомир Левчев – добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, заедничка вечер на македонската и на бугарската поезија со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји. За третиот ден е предвидена посета на спомен-куќата на Христо Смирненски во Софија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе