Средба на министерката Костадиновска-Стојчевска со италијанскиот амбасадор Силвестри

од admin_kult

Продолжување и интензивирање на досегашната успешна соработка е заклучокот од денешната прва средба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска со амбасадорот на Италијанската Република во нашата земја,  Андреа Силвестри.

На средбата, амбасадорот Силвестри истакна дека Италијанската амбасада во Република Северна Македонија поддржува голем број културни активности и други настани, а редовно помага и во обезбедувањето на учество на уметници од Италија на реномираните манифестации во нашата држава.

Министерката Костадиновска-Стојчевска го запозна амбасадорот Силвестри со некои од активностите на Министерството за култура, меѓу кои и со изработката на новиот Закон за заштита на културното наследство, за што побара поддршка од италијанската страна за размена на експерти од областа на заштитата, креирањето политики и други области.  

Соговорниците на средбата заклучија дека добрата соработка треба да продолжи и во иднина, а настаните од областа на културата, кои во следниот период ќе се одвиваат со заедничка организација, да се одржуваат не само во Скопје туку и во другите градови во државава, со цел децентрализација на културата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе