В сабота ќе се одржи традиционалната манифестација  „Прличеви беседи 2022“

од admin_kult

В сабота (5 февруари) во 11:45 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“  во Охрид започнува програмата на годинашното издание на манифестацијата „Прличеви беседи 2022“.

Предвидена е изложба на дела од колекцијата на Центарот за култура, како и свеченост посветена на поетот, раскажувач, есеист и драмски автор Трајче Кацаров, лауреат на наградата „Григор Прличев“. Ќе биде изведена неговата поема „Цветко“, која беше наградена на отворениот конкурс што секоја година се распишува во чест на охридскиот и македонски поет Григор Прличев. Исто така, на Кацаров ќе му биде врачена повелбата за најдобра поема за 2021 година.

Во рамките на манифестацијата ќе биде промовирана и монографијата „Прличеви беседи – хроника на еден културен настан“ ( 1952 – 2022) од авторите Милчо Јованоски и Гордана Змејковска. Промотор на монографијата ќе биде новинарот и публицист Владо Жура, извадоци ќе чита Анета Јованоска, а Прличевата „1762 лето“ ќе ја изведат оркестарот и пејачката група на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ при Центарот за култура „Григор Прличев“ под уметничко раководство на Татјана Тренеска. 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе