Во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“, утре, по повод Меѓународниот ден на жената, во 18:30 часот ќе биде отворена колективната изложба „Современи музи“ на Здружението на ликовните уметници на градот Тетово.
Како што информираат од Здружението на ликовните уметници, во рамките на изложбата ќе бидат претставени 24 уметнички дела од областа на сликарството, графиката и дигиталната фотографија.